мај 25, 2017

Охрид, 25. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – 28 филмови, од 24 автори од кои 5 се самостојни и 7 клубови ќе бидат прикажани во рамките на годинешното 46-то издание на Државниот фестивал на непрофесионален филм кој утре, петок 26-ти мај, ќе се одржи во Охрид.

Фестивалот е во организација на Кино Сојузот на Република Македонија, а ќе започне со прикажување на филмови од официјалната селекција во амфитеатарот на Филмската академија Охрид, со почеток во 20:00 часот.

Стручното жири на 46. издание на Државниот фестивал на непрофесионален филм, составено од Драган Вељановски – претседател, Илинденка Петрушева – член, Блаже Дулев – член, донесе одлука оваа година да бидат доделени следните награди:

Бронзена плакета за едноминутниот филм „Сон“ на Александар Арсовски од Филмската Академија во Штип, Златна плакета за експерименталниот филм „58“ на Драги Неделчевски, Бронзена плакета за документарниот филм на Ема Лазарова од КВК „Студио Милтон Манаки“ – за филмот „Рајчица“, Сребрена плакета за документарниот филм „Ах!“ на младиот Горан Попоски од Фото Кино Клуб Прилеп, Бронзена плакета за краток игран филм „Време за избор“ на Кристина Даниловска од Скопје, Сребрена плакета за краток игран филм на Давид Дољаница од ЕФТА за филмот „Плави теретни воз“ и Златна плакета за краток игран филм за тетовчанката Ана Андонова за филмот „Секунда.. до вечноста“.

Оваа година авторските награди ги собра еден филм, тоа е филмот „Збогум“ (Farewell), најдобра монтажа за Пеце Здравковски и Ѓорги Вацев, најдобра музика и камера за Ѓорги Вацев, најдобра монтажа Пеце Здравковски и Ѓорги Вацев, наградите за сценарио и режија одат кај Пеце Здравковски.

Годинашното Гран При оди за краткиот игран филм на Пеце Здравковски „Збогум“ (Farewell). Исто така, направена е селекција од 7 филмови кои ќе ја претставуваат Македонија на светскиот натпревар во непрофесионални филмови УНИКА, кој ќе се одржи во месец август во Дортмунд, Германија. Фестивалот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука