февруари 2, 2017

Охрид, 2. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи констатирале државните ревизори во извештаите по спроведената контрола за 2015 година во Основниот суд во Охрид.

Констатирано било дека судот во Охрид нема отворено посебни сметки за уплата на средства по основ на гаранции и неусогласеност во искажувањето на расходите во Билансот на приходи и расходи, а не е извршен попис согласно Правилникот за сметководство за буџети и буџетски корисници.

revizija osnovensudOhrid

– Во благајната на овој основен суд се чувале и вредни предмети како злато, валути и часовници кои се одземени во судски постапки и пред 40 години и за кои се уште не се преземени активности за сорабокта со Агенцијата за управување со одземен имот, пишува порталот Сведок. (Крај)

извор: Сведок фото: Сведок

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука