Охрид, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) — Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во Охрид во 2016 година, изнесува 303.
Од вкупниот број на регистрирани бракови, по прв пат биле склучени 272 бракови, додека по втор пат, 31 брак.
Најмногу бракови, се склучени во август, а најмалку бракови во
април.
Просечната возраст при склучување на прв брак е 26.5 години за невестата и 29.3 години за младоженецот. (Крај)
извор: ОхридПрес/ДЗС фото: архива
Прочитано: 22