Охрид, 31. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Претставници на Државниот инспекторат за градежништво од денеска се во Охрид за да вршат надзор над градбите од прва категорија во Охрид и Струга.
Тие ќе постапуваат според подготвен акционен план.
Во вторникот Владата донесе заклучок со кој го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга.
Одлуката предвидува да се провери дали градежните инспектори ги извршуваат своите обврски согласно Законот за градење.
Информацијата за состојбата треба да биде доставена на следната владина седница. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 26