Струга, 3. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, на 5-ти и 6-ти јануари ќе се случува културен настан во организација на Здружението за култура ИНКА од Струга.
Станува збор за Off настан, во рамките на познатиот фестивал за процесирање култура, кој се случува на лето, ДримОн фестивал.
Првите случувања почнуваат на 5-ти јануари, во Бистро КалаПалаК со изложбата на постери на тимот на ИНКА направени за ArtvertizingForFairpress кампањата. Ќе има и промоција на новиот број на списанието Лице в лице и музичка листа на Leni von Geleva.
На 6-ти јануари, Викторија Попоска ќе се претстави со својата прва самостојна изложба „Запознавање“, која ќе биде поставена во Галерија „Коџоман“. Никола Тодороски ќе се претстави со сатиричната монодрама „Писма од земјата“ – според Марк Твен. Вечерта ќе се заокружи со концерт на Fighting Windmills и DJ-ски сет на Maggie, младата гордост на промотерската куќа BTKRSH. Kако загревање и локална поддршка ќе биде DJ Bobi.
Блок влезницата за настаните е 200 денари.
Влезница за еден настан и консумација чини 150 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива