Струга, 5. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти јули 2019 година, во периодот од 08:30 до 10.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории кои ги користел 48-годишниот З.А. од струшкото село Заграчани.
– При претресот биле пронајдени две вреќи со марихуана, 18 патрони за ловна пушка, две стебла од растението Cannabis Sativa и една дигитална вага. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 14