Мец, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По првите три денана СП во Франција капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров се наоѓа на второто место на листата на стрелци.
Лазаров против Тунис постигна 12 гола, па повеќе од него има само Уве Генсхајмер од Германија кој синоќа во дербито против Унгарија дури 13 пати ја погоди мрежата.
Денеска Македонија од 20.45 ч ќе игра против Ангола и тоа е нова шанса за црено-жолтите да постигнат победа, но и Лазаров да го подобри својот биланс. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 13