Охрид/Ресен, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот дј Јане Стефанов, во сабота ќе се претстави со одбран дј-ски сет во кафе барот „Gold“ во Ресен.
Вечерта ќе биде исполнета со comercial и house траки. ДЈ Јане досега повеќе пати настапувал во кафе бар „Gold“. Забавата во сабота, 28-ми февруари, ќе биде со почеток во 21:00 часот.
ДЈ Јане близу 10 години на Супер радио го има своето радиско шоу „Disco Heaven“, кое се емитува секоја сабота од 20:00 до 22:00 часот. Концептот на емисијата опфаќа новитети од клубската сцена, специјален микс на одбран артист, различен во секое издание и презентирање на најдобра трака на неделата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Супер радио
Прочитано: 24