април 27, 2022

Охрид, 27. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски стоматолог, д-р Беби Ласовски е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Уште од април 1993 година, Стоматолошкиот Центар „Ласовски“ обезбедува професионална стоматолошка услуга и се грижи за блескавите насмевки на охриѓани. Секогаш ведар, позитивен и насмеан, д-р Ласовски го вложува целото свое знаење, науморна едукација, работна етика, страст, постојана напорна работа и решителност да ги оствари сите барања на корисниците на стоматолошките услуги.

Негов музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се песните: Bohemian Rhapsody на Queen, Shape Of My Heart на Sting и Shine On Your Crazy Diamond на Pink Floyd.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Ласовски падна на „Сино“ на Тамара. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука