април 10, 2017

Охрид, 10. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од серијалот на научно-истражувачки предавања, Д-р Семир Османагиќ утре во Охрид ќе одржи предавање на тема: „Мистериите на Босанските Пирамиди“.

– Д-р Семир Османагиќ е човек кој што ги има истражувано Пирамидите во Перу, Хондурас, Мексико, Салвадор, Боливија, Кина, Маурициус, Гватемала и многу други земји во светот. Во 2005 година ги открива Босанските Пирамиди во Високо, поради што е и примен во Руската Академија на Природни Науки како најмлад член на таа институција во која се наоѓаат и неколку десетина истакнати добитници на Нобеловата награда. После потврдата на истакнати египетски научници за постоењето на Пирамидите во Босна, тој патува низ целиот свет и предава за Босанските Пирамиди. Повеќе од стотина години нè учат дека пирамидите се градени само во Египет и Мексико, и тоа како гробници или како церемонијални места за жртвување. Тоа не е вистина. Пирамидите се присутни на сите континенти во светот, и многу независни истражувачи го имаат докажано тоа користејќи ги најновите сателитски, георадарски и геотермални инструменти и методи, и со тоа ја отвараат вратата на новата вистина и новата историја за Пирамидите во светот, информираат одганизаторите.

Предавањето ќе се одржи на Факултетот за туризам и угостителство со почеток во 16.00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука