септември 2, 2017

Охрид, 2. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Професор Д-р Јован Стојаноски ќе биде кандидатот на СДСМ за нов градоначалник на Охрид на изборите кои ќе се одржат на 15-ти октомври.

Тој претходно ја доби довербата и на внатрепартиските избори кои се одржаа во февруари оваа година, а бил високо позициониран и на анкетите кои партијата ги спроведе во Охрид изминатиов период.

Стојаноски е долгогодишен професор ФТУ во Охрид и член на СДСМ. Беше носител на советничката листа на последните локални избори во 2013-та година, по што беше и координатор на советничката група на СДСМ во општинскиот совет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука