Скопје, 21. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Новиот министер за здравство во Владата на Република Македонија Илир Демири, кој од неодамна е на оваа функција денескка оствари работна средба со новиот в.д директор на болницата „Св. Еразмо“, д-р Јордан Смически.
– Денеска, остварив средба со директорот на Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид Јордан Смически. Разговаравме за тековните активности што се спроведуваат за подобрување на условите во установата, изјави министерот Демири по средбата.
Д-р специјалист ортопед Јордан Смически од неодамна е нов в.д директор на Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.
Свети Еразмо или „Костозглобна“ е формирана на 19-ти јули 1950 година како Специјална болница за коснозглобна туберкулоза, а сега е специјализирана ортопедска и трауматолошка болница и е добро позната на балканско, па и европско ниво, по стручниот тим на лекари и здравствени работници кои се вработени во оваа институција и важи за една од најдобрите болници за ортопедија на Балканот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива