Евровизија со нов кодекс на однесување и протоколи за заштита на уметниците
декември 25, 2024

Охрид, 25. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Организаторите на Евровизија објавија нов кодекс на однесување и протоколи за заштита на уметниците по последните контроверзи.

Имено, пред годинешното финале во Малме, Шведска, илјадници пропалестински демонстранти протестираа пред арената против учеството на Израел, a некои изведувачи исто така тврдеа дека добиле закани. Швајцарецот Немо беше крунисан за победник, но по подигнувањето на трофејот рече дека искуството било „интензивно“ и дека биле „навистина тажни“ бидејќи целото натпреварување не било во духот на љубовта и единството.

Oрганизаторите најавија нови мерки кои нема да вклучуваат зони за снимање во клучните уметнички области, повеќе проби зад затворени врати за да се обезбеди безбедна, почитувана и поддржувачка средина.

Република Македонија нема да има свој претставник на 69. издание на Изборот на песна за Евровизија, кое ќе се одржи од 13-ти до 17-ти мај следната година во Базел, Швајцарија. Македонска радио-телевизија го објави буџетот за 2025 година, каде не се предвидени финансии за учество на нашата држава на следното издание на ова музичко натпреварување.

Само кратко во врска со ова – музиката е задоволство, но за оние кои ја слушаат и уживаат во неа, за сите други е бизнис! Кога ќе го научиме ова, можеби и ќе ни тргне на ова поле, ако не, за нас ќе остане тоа што ни е – поле… (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука