март 21, 2017

Скопје, 21. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска во Скопје ќе раговара со лидерите на политичките партии за надминување на кризата во Македонија.

Првата средба, најавена во 12.40 часот, ќе биде со лидерот на ДПА Мендух Тачи по што следуваат средбите со лидерите на БЕСА, потоа и на Алијанса за Албанците, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Средбата со лидерот на СДСМ Зоран Заев е најавена да се одржи по 16 часот, за потоа Хан да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов.

Последната средба, нешто по 20 часот, Хан би требало да ја има со поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски по што е најавено еврокомесарот да даде изјава за медиумите. (Крај)

извор: Р.С.Европа фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука