април 19, 2017

Москва, 19. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Натпреварите во плејофот од кошаркарската Евролига започна синоќа со победи на ЦСКА и Фенербахче.

Европскиот првак ЦСКА поведе во серијата со Басконија многу потешко од очекувањата, откако во Москва славеше 98-90, додека Фенербахче направи брејк во Атина со победата над Панатинаикос од 71-58.

Теодосиќ ја предводеше ЦСКА до победата со 22 поени додека во Атина најефикасен кај победниците беше Богдановиќ со 23 поени, пет скока и четири асистенции.

FenerPao

Вечерва на програмата се мечевите Олимпијакос-Анадолу Ефес и Реал Мадрид-Дарушафака. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука