Париз, 15. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – По турските, и италијанските и француските кошаркарски клубови одлучија од следната сезона повторно да учествуваат во Еврокупот наместо како што тоа беше случај оваа сезона, во ЛШ на ФИБА.
Клубовите од Франција и Италија сезонава играа само во Лигата на шампиони која ја организира ФИБА, со исклучок на Армани Милано кој настапува во Евролигата.
Кошаркарскиот сојуз на Турција од претходно излезе со соопштение дека нема да ги условува клубовите кои ќе изберат да играат во двете натпреварувања на УЛЕБ, Евролигата и Еврокупот. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 23