Египќани од Ресен подариле камбана на манастирот Св. Наум во 1940 година
јануари 5, 2025

Охрид, 5. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Достојно и со почит, православните верници денес го слават денот посветен на големиот светец Свети Наум Охридски Чудотворец.

– Пример за соживот од памтивек. Египќани од Ресен подаруваат камбана на манастирот Свети Наум во 1940 година. Нека е за многу години, порача членот Gjoko Zoroski во објавата на оваа ретка фотографија во Facebook групата Охрид, слики од минатото.

Според календарот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, денеска се одбележува денот посветен на светецот Наум Охридски Чудотворец, кој има силен култ и почитување меѓу граѓаните во Охрид и охридско. Тој е еден од првите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и најблизок соработник на Свети Климент Охридски. Одиграл важна улога во ширењето на православната вера меѓу словенските народи на Балканот на словенски јазик.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Десетина години пред смртта го основал манастирот посветен на светите Архангели на Охридското Езеро. Овој манастир е денешниот Св. Наум, еден од најважните и најстарите огништа на писменоста во Словенскиот свет, каде се зачувани придобивките на Моравската мисија на св, Кирил и св. Методиј. Манастирот го одржува својот духовен живот повеќе од 1.100 години. Во неговото житие се вели дека чудата на Свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото. Бројни чуда се јавувале за време на неговиот земен живот, а посебно по неговата смрт преку неговиот дух, гробот и изворот од под карпите. За помош доаѓаат луѓе од сите краишта и од сите вери и народности. Бројни се примерите како се зачнал плод кај неродилки, како дете по две-три години заодело или прозборувало, откако неговите родители биле да му се помолат на Свети Наум. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Gjoko Zoroski

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука