март 21, 2017

Лондон, 21. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Грубите фаули над Еден Азар на мечот од ФА Купот оставија трага, па белгискиот репрезентативец ќе мора да мине извесно време надвор од терените.

Азар го пропушти последниот дуел со Стоук и замина на првата прозивка на белгиската репрезентација, но селекторот Роберто Мартинез соопштил дека нема никакви шанси Азар да се рехабилитира навреме за претстојните мечеви со Русија и со Грција.

Најдобриот фудбалер на Челзи сигурно ќе го пропушти натпреварот со Кристал палас, а под знак прашалник се очекува да биде и неговиот настап мега пресметката со Манчестер сити. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука