Париз, 6. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани се согласил да потпише нов договор со францускиот првак ПСЖ.
Тој е главниот адут на тренерот Унаи Емери оваа сезона, и управата на клубот сака да го задржи на „Паркот на принцовите“ и во иднина.
Францускиот весник „Л’Екип“ тврди дека со новиот договор Кавани ќе остане во Париз до 2020 година. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 23