Рим, 8. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанските медиуми пренесуваат дека Един Џеко одбил богата понуда од Кина и сака кариерата да ја продолжи во Рома.
На адреса на „волчицата“ стигнала понуда од 30 милиони евра за обештетување, а за Џеко годишна плата од 15 милиони евра.
Босанецот ја одбил понудата бидејќи сака да игра во една од најсилните лиги во светот и смета дека сеуште може да игра на врвно ниво. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 14