октомври 18, 2021

Охрид, 18. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Веќе една недела водостојот на Охридското Езеро е на кота од 693,18. м.н.в.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) нивото и понатаму е за 10 сантиметри под просекот за октомври (693,28 м.н.в) и осум сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Од почетокот на месецов нивото порасна за 4 сантиметри, а за подобрување на хидролошката состојба придонесоа врнежите од дожд што ги имаше во првата половина на месецов.

Нема опис за фотографијата.

Што се однесува до температурата на езерската вода, денес се измерени 14 степени, што е за 2,8 степени под октомврискиот просек.

Во Охрид денес променливо облачно и потопло време со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 16. степени.

– До петок времето ќе биде стабилно и потопло со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Врнежи од дожд се очекуваат во сабота, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/ УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука