Бергамо, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Аталанта му врачи отказ на тренерот Стефано Колантуоно и веднаш го претстави Едуардо Реја на неговото место.
Новиот тренер на клупата на Аталанта ќе дебитира во недела на гости против Парма, но само доколку домаќинот биде во можност да го организира мечот поради лошата финансиска состојба.
Едуардо Реја во својата кариера работел како тренер во Верона, Болоња, Џенова, Катанија, Каљари, Наполи, Хајдук Сплит и Лацио.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29