октомври 31, 2024

Охрид, 31. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 4-ти до 8-ми ноември во НП „Галичица“ секој ден ќе се спроведуваат работилници за учениците, со различна тематска содржина.

Првиот ден работилницата е посветена на истражување на природата, а ќе ја предводи Ангела Тасеска Михајловска. На 5-ти ноември присутните заедно со Константин Здравески ќе научат што се тоа екосистемски услуги и како ги вреднуваме истите, следно Дарко Китаноски и Наум Илиески од Еко-Свест од Вевчани ќе објаснат нешто повеќе за кафеавата мечка, а за пештерите и лилјаците во НП „Галичица” ќе зборува Татјана Пуцоска Бунчевска. Едукативната недела ќе биде заокружена со работилницата „Паметно и безбедно однесување во планина” што ќе ја одржи Димитри Димитров, долгогодишен искусен планинар.

За сите работилници потребна е претходна пријава со име, презиме и одделение на мејл адресата [email protected].

Работилниците може да се посетат индивидуално, со родител или во договор со наставник. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука