Струга, 24. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата за јавни приходи утре ќе организира обука за земјоделците од Општина Вевчани.
Обуката ќе биде на тема: „Пријавување и оданочување на приходи од земјоделска дејност на физички лица кои се оданочуваат во паушален износ“, а ќе се одржи со почеток во 12 часот.
Сите заинтересирани земјоделци можат да ја посетат обуката, како и да се информираат за сите прашања во врска со постапките за регистрација, оданочувањето на приходите од вршење на основна и дополнителна земјоделска дејност, плаќање на персоналниот данок…
Исто така земјоделците треба да поднесат барање за паушално оданочување за 2016 година. Доколку приходот од земјоделска дејност во 2016 година не надминува 1.300.000 денари, земјоделците имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално.
Најдоцна до 31 јануари 2017 година на шалтерите на УЈП треба да се поднесат документите: Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност.
Од УЈП ги потсетуваат земјоделците дека проверката на даночните долгови и плаќањето на персоналниот данок можат да го извршат преку Интернет. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива