октомври 31, 2014

Охрид, 30. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Согласно кампањата на Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата под мотото „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата од Охрид, во соработка со ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ подготви материјал како основа за одржување на приредба за деца од претшколска и школска возраст од областа на сообраќајот.

По овој повод претпладнево во централаната градинка „Јасна Ристеска“ ќе биде одржана приредба за најмладите учесници во сообраќајот, кои освен овој проект, беа и дел од активностите за запознавање и воспоставување пријателски врски со полициските службеници. (Крај/А.Р.)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука