февруари 19, 2015

Париз, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според пишувањето на француските медиуми фудбалерот на ПСЖ, Езекиел Лавеци вели дека му недостасува Италија и дека сака да се врати во Наполи.

Аргентинецот токму од Наполи во 2012 година се пресели во ПСЖ за 26 милиони евра, а пред тоа играше за Естудијантес, Сан Лоренцо и Џенова.

Лавеци за пет години колку што настапуваше во Наполи одигра 188 меча и постигна 48 гола.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука