Охрид, 29. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ноќта помеѓу 28-ми и 29-ти септември 2019 година, во периодот од 21:00 до 02:00 часот, при вршење на редовни работни задачи, полициски службеници од СВР Охрид на околу 1.000 метри од брегот на Охридското Езеро, пронашле и одзеле две рибарски мрежи со улов од риба.
– Се превземаат мерки за расчитување на случајот, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 33