октомври 28, 2019

Охрид, 28. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со цел да се подобри и модернизира пловниот парк на езерската полиција, во тек е оглас за набавка на пет пловни објекти, набавка во вредност од над десет милиони денари.

– Три од пловните објекти ќе бидат набавени со средства од договор за донација, додека два пловни објекти ќе бидат набавени од средства обезбедени од МВР, истакна македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на денешната посета на Охрид.

Конечно, рече Спасовски, ова е една од најубавите и најрепрезентативни туристички дестинации, а полициските служби обезбедуваат мирна и спокојна сигурносна состојба за сите луѓе – наши или странски државјани, сеедно.

Спасовски: Ќе сториме се’ да овозможиме поквалитетни услови за работа на полицијата

При денешната работна посета на Полициските станици – за граничен надзор Охридско Езеро и за гранични работи Свети Наум, со колегите од охридската сообраќајна полиција, како и средбата со градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, министерот Спасовски разговараше за состојбите и активностите во тие организациони единици при МВР, како и за степенот и квалитетот на соработката и комуникацијата меѓу полицијата и граѓаните во оваа локална средина.

– Со градоначалникот на Вевчани зборувавме за соработката на полицијата со локалните власти, за можностите за нејзино унапредување, особено низ многу превентивни форми на активности што ни стојат на располагање, напомена Спасовски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука