Охрид, 11. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На Охридското Езеро „му се бројат коските“, од Билјанините извори, една од најпрепознатливите локации во градот под Самуиловата тврдина и понатаму не тече вода.
Нивото на водата во Охридското Езеро и натаму се намалува и е далеку под просекот за овој период од годината, а состојбата е дополнитено загрижувачка што се доближува до минимално дозволената кота.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е на кота од 693,13 м.н.в, што е за 16 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,29 м.н.в), 4 сантиметри под природната кота (693,17 м.н.в.) и само 3 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).
Во Охрид денес променливо облачно и постудено време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.
– Следува период на променливо облачно и постудено време, до четврток со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини особено во ноќта кон вторник ќе има услови за појава на повремен снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/ УХМР