јули 12, 2019

Охрид, 12. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското езеро приближно до просекот за месец јули.

Според денешните мерења на УХМР, водостојот е на котата од 693,51 м.н.в и е за 7 сантиметри под просечното јулско ниво (693,58).

Променливото и постудено време освен температурата на воздухот, ја намалија и онаа на водата и денес изнесува 21 степен.

Според најавите на метеоролозите утре попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе има нови врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (во источните делови над 20л/м2) проследени со грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука