Париз, 25. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на ПСЖ во летниот преоден рок ќе се обиде во своите редови да го доведе Алексис Санчез.
Чилеанецот е голема желба на тренерот на „светците“, Унаи Емери, а управата на клубот е подготвена да понуди 70 милиони евра за да го доведе Санчез во ПСЖ.
Алексис има актуелен договор со Арсенал до јуни 2018 година, но засега нема намера да го продолжи, а тоа значи дека топџиите ќе се согласат на негова продажба ова лето за да добијат солидна сума како отштета. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 14