Рим, 20. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во последниот осминафинален меч од Купот на Италија, фудбалерите на Рома на домашен терен славеа против екипата на Сампдорија со 4-0 и се пласираа во четвртфиналето.
Римската волчица“ доминираше во текот на целиот натпревар ,за разлика од гостите од Џенова, кои играа анемично и без некоја посериозна закана по голот на Рома. Стрелци на головите за домаќините беа Наинголан (два пати),Џеко и Ел Шарави.
Во четвртфиналето фудбалерите на Рома за противник ќе го имаат тимот на Чезена. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 13