Охрид, 21. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 22-ри ноември, со почеток во 10:00 часот, во Требеништа ќе се одржи еколошка акција.
– По тој повод, ги покануваме жителите на Требеништа, учениците заедно со наставниот и административен кадар на ОУ „Дебрца“, вработените во општина Дебрца, градоначалникот Зоран Ногачевски, советниците во општината, вработените на ЈКП „Дебрца“ со директорот Игор Крцоски, како и сите еко ентузијаисти, еколошки друштва, претпријатија кои што дејствуваат во Дебрца и сите што сакаат да придонесат за почиста и поубава животна средина, порачуваат во дописот организаторите м-р Катерина Пискулоска и Петре Голабоски, советници во општина Дебрца и Билјана Славевска, директор во ОУ „Дебрца“.
Покровител на еко акцијата е општина Дебрца на чело со градоначалникот, а збирно место ќе биде сред селото во Требеништа.
– Запомнете: Природата не зависи од нас, туку ние од неа, додаваат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива