Охрид, 23. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Околу 80 извидници од 23 европски земји, во заедничка акција со Неформалната еколошка организација „Чист Охрид“ денеска, еден ден по Меѓународниот ден на планетата Земја го исчистија просторот околу Извидничкиот центар, реката Коселска и плажите во околината.
Во акцијата беа собрани најмалку 50 вреќи ѓубре, односно најмногу отпад од пластични шишиња, кеси, марамчиња, стакло, но и телевизор и пластични столови.
Учесниците во акцијата упатија апел до сите граѓани, да ја чуваме нашата околина и постојано да работиме за подобрување на животната средина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Чист Охрид
Прочитано: 23