јули 30, 2019

Охрид, 30. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Движењето Еко герила остро го осудува нападот и заканите што беа упатени вчера во Охрид кон Илjаз Илjази од страна на општинскиот советник во градската управа, Нафи Усеини, инаку член на ДУИ.

– Високо го цениме придонесот што Илjаз Илjази го дава како наш надворешен советник и експерт за прашања поврзани со загадувањето на животната средина, изразуваме сериозна загриженост дека владеењето на правото во нашата земја е далеку над очекувањата на граѓаните. Културата на неказнивост за кривични дела кон политички службеници е неподнослива, се наведува во соопштението на ова движење, јави 24info.mk.

Во него се додава дека реакција ќе биде испратена и до меѓународните организации и амбасади, како потсета дека еден од клучните услови за започнување преговори со ЕУ е судската реформа, борбата против корупцијата и организираниот криминал и владеењето на правото.

Од Еко герила ги повикуваат Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да одговорат и да ги казнат сторителите, без разлика на политичката поддршка што можеби ја имаат. (Крај)

извор: 24info.mk фото: 24info.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука