Охрид, 27. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Викендов, членови на Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура „Зш Авантура“ имаа велосипедска тура во струшко.
Велосипедистите возеа по течението на реката Црн Дрим, а нивниот фотоапарат регистрираше терен, кој наместо да е место за релаксација и во хармонија со природата, повеќе локалитети се преполни со најразновиден отпад. Дел од фотографиите се направени во близина на Луково, каде проблемот е најалармантен. Додека во друг дел членовите на „Зш Авантура“ фотографирале собрани стаклени шишиња во пластични вреќи, но депонирани на несоодветна локација.
Фотографиите од терен говорат сами за себе, нема што да се додаде, велат велосипедистите.
Извесен период наназад еколозите предупредуваат за грдата слика на овој потег. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: „Зш Авантура“