Песочан, 23. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри септември 2021 година, во СВР Охрид било пријавено дека при рушење на стар објект во селото Песочан, општина Дебрца, биле пронајдени експлозивни направи.
– По извршен увид од полициски службеници и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за две неексплодирани рачни бомби, кои биле безбедно подигнати за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 36