Охрид, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Државниот испитен центар информираат дека процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години во средното образование, ќе се спроведе во периодот од 30-ти јануари до 3-ти февруари годинава.
Екстерната проверка во овој период е наменета само за учениците од завршните години во средното образование, кои на крајот на оваа школска година треба да се подготвуваат за матурските задачи и приемните испити за уписи во високото образование.
Продолжувањето на зимскиот распуст до 23 јануари, учениците од завршните години ќе можат, меѓу другото да го искористат и за подготовка за екстерната проверка на знаењата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25