Багдад, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екстремистите од „Исламска држава“ ги продаваат органите на загинатите, соопшти постојаниот претставник на Ирак при Советот за безбедност во ОН.
Според него, продажбата на органи е еден од најважните патишта за финансирање на терористичката организација.
Според неговите зборови, на места со масовни гробници, се откривани тела со хируршки резови, а речиси кај сите од нив недостасуваат бубрезите.
Постојаниот претставник на Ирак истакна дека е можно џихадисти да вршат масовни егзекуции токму заради органите на жртвите. (Крај)
извор: Фокус фото: архива
Прочитано: 28