август 15, 2017

Охрид, 15. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Предлог Одлуката за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од земјотрес, во петок ќе се најде на разгледување пред градските советници.

На дневниот ред на 73-та седница има 41-на точка, а покрај штетите од земјотресите во фокусот ќе бидат и предлог одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24, односно 25 ученици во основните и средните училишта.

Советниците ќе расправаат и околу формирање на групи со помал, односно поголем број деца од законски утврдениот, во детската градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид.

Покрај тоа, ќе бидат разгледани и извештаите за работа на одделенијата во состав на локалната самоуправа, како и извештаите за реализирани развојни програми.

Повторно советниците ќе треба да се произнесат и околу исплатата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука