Охрид, 17. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Државната енергетска компанија ЕЛЕМ се откажува од проектот за изградба на катна гаража во Охрид и донесе одлука за поништување на тендерот за изработка на проект за гаражата.
– Поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган, стои во образложението од компанијата. Оттаму најавија дека во наредниот период ќе се насочи кон реализација на проекти од нејзината основна дејност, а тоа е производството на електрична енергија.
ЕЛЕМ минатата година организираше Конкурс за архитектонско решение, а тендер за изработка на основниот проект и неговата ревизија беше објавен кон средината на април годинава.
Претходно на средината на месец септември, ЕЛЕМ го поништи и тендерот за избор на фирма што требаше да го проектира и ревидира основниот проект за Конгресниот центар во Охрид. (Крај)
извор: Фактор фото: архива