Скопје/Охрид, 9. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Електроенергетската состојба е стабилна и граѓаните и целата индустрија што е на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количини енергија, информира директорот на АД ЕЛЕМ Христијан Мицкоски.
– Недостатокот на струја се надоместува од увоз. Од 1 јануари, државната ЕЛЕМ, наместо ЕВН е обврзана да ги обезбедува неопходните количини на електрична енергија на пазарот на електрична енергија за тарифните потрошувачи, потврдуваат од ЕЛЕМ.
Мицкоски одава дека во првите седум денови од годинава АД ЕЛЕМ своето произвоство го има натфрлено за 10,9 проценит и во целост одговори на потребите на граѓаните и индустријата. Како што посочи, деновиве откако е зафатена земјава со студен бран потрошувачката на енергија е зголемена за 10-тина проценти во однос на вообичаената потрошувачка за овој период од годината.
Најниската цена по која ЕЛЕМ ја набави струјата е 52,85 евра за еден мегават час, а највисоката е 64,35 за еден мегават час. Количините на струја ЕЛЕМ ќе и ги продаде на ЕВН по регулирана цена од 41 евра за еден мегават час, што е далеку пониска од набавената. Разликата во загубите ќе бидат надоместен во текот на годината кога електрани ќе ги продава вишоците на струја, уверува Мицковски.
АД ЕЛЕМ, потенцира, дека во целост ги има ставено на располагање сите свои производствени капацитети кои работат, а хидроелектраните се во резерва и, како што посочи, доколку дојде до зголемување на конзумот, односно потребите на потрошувачите ќе бидат ставени во функција и ќе одговрат на потребите на потрошувачите. (Крај)
извор: Нова Македонија фото: архива