Охрид, 7. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Елена Лангоска се покажа како најдобра на годинашниот општински натпревар „Млади библиотекари“, што се одржа во охридската библиотека.
Лангоска е ученичка во осмо одделение во ОУ „Ванчо Николески“ од селото Лескоец, а се подготвуваше под менторство на библиотекарот Ана Пупиноска Стојкоска.
На натпреварот учествуваа 18 ученици од 6 основни училишта од Охрид и околината.
Победничката Лангоска со ова се стекна со право да учествува на Републичкиот натпревар кој треба да се одржи на 3-ти ноември. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22