Охрид, 27. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Ме боли за се’“ е насловен новиот сингл на Елена Ристеска, со кој таа настапи на главната вечер на фестивалот „Макфест 2024“, кој викендов се одржа во Штип.
По повеќегодишна пауза, Елена се врати на сцената со оваа песна, која е модерна трап/RNB/поп мелодија, која дише во духот на новото време и трендови.
Музиката, аранжманот и продукцијата се на Александар Масевски, а текстот го напишаа заедно Масевски и Елена Ристеска.
Од тимот на Елена најавуваат дека песната многу наскоро ќе го добие својот официјален видео запис. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 122