Охрид, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од понеделни, 9-ти март до 14-ти март, сите оние кои ќе го посетат Културно-информативниот центар „Култура 365“ ќе добијат книга подарок, во рамките на циклусот културни настани „Недела на книгата“.
Овојпат станува збор за книгата „Елшани – живот меѓу каменот и водата“ од авторот Мишо Јузмески. Книгата претставува монографија, а е издадена во 2009 година.
Посетителите ќе можат да го посетуваат центарот во периодот од 9 до 15 часот.
Мишо Јузмески е охридски писател, публицист и фотограф. Работел како туристички водич, туристички агент и преведувач. Покрај својот мајчин македонски јазик, тој зборува неколку европски јазици: бугарски, холандски, германски, англиски, француски, италијански, српски и шпански. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива