март 26, 2017

Мајами, 26. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Реал Мадрид и Барселона кон крајот на јули ќе одиграат пријателски натпревар во Мајами на стадионот „Хард Рок“, чиј капацитет изнесува 65.000 места.

Интересот за натпреварот на вечните ривали, Реал и Барелона, во Мајами е огромен, а потврда за тоа е и информацијата дека билетите биле продадени за само 30 минути.

Цената на билетите се движела од 200 до 4.500 долари. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука