март 11, 2017

Охрид, 11. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – За добрите и вистинските познавачи на клубската музика, емисијата на охридското Супер радио, „Disco Heaven“ на охридскиот Дј Јане Стефанов (DJ Jane), е знак на препознавање на сето она што е актуелно и квалитетно во денс културата.

Музичката емисија со вечерашното издание одбележува 12 години од постоењето.

„Disco Heaven“ се емитува секоја сабота од 20:00 до 22:00 часот. Вечерва, во специјалното роденденско издание, слушателите ќе имаат можност да се дружат со посебно селектирани дј-ски сетови, кои ги приготви ДЈ Јане.

Нешто околу почетоците на емисијата: На 8-ми март 2005 година на охридското Супер радио започна со емитување емисијата за промовирање на клубската музика и култура, „Disco Heaven“. Емисијата е концепирана за промоција на сингловски, компилациски, албумски изданија, како новитети, потоа најслушана трака за тековната недела, специјалниот дел на guest mix, каде се пушта најнов микс на одредено звучно дј-ско име од светски рамки, дј-ски миксови, ремикси и инфо за случувањата на богатата клубска музичка сцена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука