октомври 23, 2014

Лондон, 21. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Се очекува првите случаи на заразени со грип да се јават во ноември.

По Нова Година бројот за заболени од грип постепено ќе се зголемува, а врвот на епидемијата ќе биде на крајот на јануари следната година.

Ова го соопштуваат британските медицинари, кои велат дека оваа сезона грипот ќе тргне од Англија, Ирска и Шведска, ќе помине низ Португалија и Шпанија и дури тогаш ќе дојде во Источна и Југоисточна Европа.

– Оваа зима грипот ќе нападне во три соеви. Најопасниот ќе биде веќе познатиот свински грип, посочуваат епидемиолозите.

Другите два вида грип, кои се очекува да се појават, се т.н. „Тексас“ и “Масачусетс” грип. Овие видови на грип најногу ги напаѓаат луѓето со слаб имунолошки систем и други придружни заболувања. Најчесто при грипот ќе се јавуваат пневмонии и воспаленија на ушите, како и ангина. (Крај)

извор: MNT фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука