Охрид, 3. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во охридското село Рамне, со прекрасен панорамски поглед на Охрид, се наоѓа домаќинска куќа „Пирустија“ или познати како „Пирустија Неданоски“.
Природа, чист воздух, изворска вода, место за вистинско уживање и полнење батерии. Концептот е „учиме да сучиме“, а центар на оваа успешна приказна е домаќинката, Наташа Неданоска.
– Гастрономад во селото Рамне, кај Наташа, Васко, Петар и Христијан Неданоски, омилената Пирустија што сите ја сакаме. Велат, пријателство е двонасочна улица а нашите домаќини потврдија зошто сме горди на нив, порачаа од Slow Food Macedonia по денешното снимање и дружба во „Пирустија Неданоски“ на екипата на емисијата „Гастрономад“ и водителката Катарина Каја Петровиќ.
– Ненад Гладиќ, познат како Лепи Брка ја започна приказната за патување без граници. Девет години тој вредно ги собираше искуствата на луѓето обединети од истата љубов и ги презентираше на најдобар можен начин. Во чест на сите гастрономади, оние зад камери и пред, во чест на секоја храна што го прави овој живот богат како што е, во чест на сите приказни на трпезата и секаде каде што има добар залак, Катарина Петровиќ започна ново патување. Во морето од прашања, до ридот на слатките, низ долината на интересни нешта, во воз натоварен со намирници и сите заедно ќе ја раскажеме таа прекрасна приказна, како вистински гастрономади, ја раскажуваат својата приказна од „Гастрономад“.
Повеќе за „Пирустија Неданоски“ од интервјуто за Супер радио и OhridPress. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Пирустија Неданоски