септември 29, 2019

Охрид, 29. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – АД ЕСМ изврши акција за порибување на Охридското Езеро со близу 30.000 парчиња подмладок на јагула.

Акцијата е дел од општествена одговорност на ЕСМ како компанија која користи дел од водите на езерото за производство на електрична енергија преку хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“, согласно водостопанската дозвола добиена уште во 60-тите години на минатиот век. Оттогаш па до денес АД ЕСМ како возврат за одржување и збогатување на живиот свет во езерото спроведува акции за порибување, јави битолската Тв Тера.

– Порибувањето беше извршено со подмладок на јагула од типот Европска јагула – Angulija Angulija. Во Охридското Езеро беа пуштени вкупно 29.421 парче подмладок на јагула со вкупна тежина од 865 килограми, со што ќе се подобри фондот на живиот свет во езерото, како и самиот еко-систем на езерото. Јагулата е набавена согласно законските прописи, преку распишан тендер, во вредност од 7 милиони денари, при што се запазени сите процедури за да се обезбеди здрав и безбеден материјал за порибување на езерото, информираат од ЕСМ. (Крај)

извор: Тв Тера фото: Тв Тера

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука